Self Hour
Self Hour™ Premium Сет: Bloom Edition
Self Hour™ Premium Сет: Bloom Edition
Couldn't load pickup availability
Bloom Edition е твој личен простор за раст. Исто како што природата полека се буди, така и овој концепт е создаден да ти помогне да го отфрлиш секојдневниот притисок и да дозволиш твојата креативност конечно да процвета. Секоја страница е нова можност да забавиш, да дишеш и да се пронајдеш во тишината. Секоја линија е покана да процветаш, далеку од градскиот хаос и секојдневниот стрес.Без разлика дали е за роденден, нов почеток или едноставно како награда за себе, ова е подарок што инспирира раст.
✨ Што го прави овој сет толку посебен?
📦 Уникатна "Ready-to-Gift" Кутија: Нема потреба од дополнително пакување! Сетот доаѓа во специјално дизајнирана брендирана кутија во форма на ташна со препознатливиот "Bloom" дизајн. Луксузен и модерен додаток кој е спремен за подарување веднаш.
🎵 Мултисензорно искуство (QR Код): Скенирај го кодот внатре и влези во светот на Self Hour Radio. Специјално селектирани мелодии кои ќе ти помогнат да го исклучиш светот околу тебе и целосно да му се препуштиш на моментот додека боиш.
🌸 100 "Nature & Soul" Илустрации: Дури 100 страници со мотиви инспирирани од природата, цветовите и внатрешниот мир. Дизајнирани со чисти линии за да овозможат лесно и релаксирачко искуство, идеално за „чистење“ на мислите.
🌸 БОНУС: Mini Bloom Edition: Со секој купен сет, добиваш и ексклузивно мини издание. Совршено за во ташна, за патување или за оние моменти кога сакаш да „процветаш“ додека си во движење. Твојот мир сега може да биде со тебе насекаде.
💖 За кого е наменет?
-
За Тебе: Затоа што заслужуваш да си дадеш простор да „процветаш“ по напорниот ден.
-
За Пријателка/Сестра: Како инспирација за нејзиниот следен голем чекор или нов почеток.
-
За Љубители на Естетика: За секој кој ужива во „Pinterest-perfect“ детали и квалитетно поминато време со себе.
📦 Сетот содржи:
-
Self Hour™ Bloom Edition (Премиум издание со 100 илустрации на дебела хартија и метална спирала)
-
Mini Bloom Edition (Дополнителна мини боенка за во ташна)
-
Луксузна Кутија-Ташна (Gift packaging)
-
Заштитна фолија
-
Декоративни стикери
⚠️ ВАЖНО: Ова е Лимитирана Колекција. Bloom Edition е тука за да не потсети дека секој од нас има свое време кога треба да процвета. Количините се ограничени. Нарачај го својот Bloom сет веднаш!
Share
